02 3 113 001 info@dentalkraft.mk

Современ Ендодонтски третман

Едно од најважните правила во стоматологијата е да се зачува сопствениот заб. Во таа насока, Стоматолошката Ординација Дентал Крафт располага со најсовремен апарат ENDO PILOT кој е од германско потекло и овозможува користење на различни програми во зависност од случајот, со цел правилно лекување на каналите од коренот на самиот заб.

Со овој современ апарат просторот за грешка е сведен на минимум или кажано со други зборови – успехот е загарантиран, од причина што апаратот нуди опција за ретретман, односно повторно третирање во случај на претходен евентуално неуспешен третман. Користењето на овој апарат има и друг голем бенефит во корист на пациентот, односно овозможува комплетниот третман да биде изведен согласно највисоките стандарди за работа во асептични услови користејќи KOFFERDAM техника и средства за иригација.

stomatolog skopje

Дрезденска 14, 1000
Скопје, Македонија
☏ 02 3 113 001

© 2021 Dental Kraft PZU