Дентал Крафт нуди комплетни услуги од областа на стоматологијата и забната техника.
Предноста за нашите пациенти е во тоа што на едно место можат да добијат комплетен стоматолошки третман, преку вградување на импланти, па се до изработка на врвни протетски помагала.
Доколку имате потреба од природен изглед и совршена функција на вашите заби, ова е вистинското место за вас.
Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт е исчекор повеќе од обична стоматолошка ординација. Ние нудиме широка палета на услуги за нашите пациенти, започнувајќи од бесплатен преглед, преку наједноставни стоматолошки третмани, па се до најсложени стоматолошки зафати од областа на ендодонцијата, протетиката и хирургијата.
Располагаме со најсовремени компјутери, скенери, 3Д програми за моделирање како и останата апаратура, но посебна гордост на нашата лабораторија претставува новиот CAD/CAM центар кој е опремен со најнов модел на ултра модерна компјутерски раководена машина од германско потекло.
Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има големо искуство и нуди комплетна организација за пациентите од странство кои се заинтересирани за дентален туризам. Соработката започнува преку емаил, телефон, Viber, Skype или WhatsApp. Се што е потребно е пациентот да ни достави панорамска РТГ снимка, неколку обични дигитални фотографии и да ни ги соопшти своите потреби.
200 k+
Стоматолошки услуги
100 k+
Заботехнички услуги
1000 +
Дентален туризам
За нас, Дентал Крафт, не е само место каде работиме во интерес на нашите пациенти. За нас Дентал Крафт претставува креативен центар во кој се спојуваат науката и уметноста. Ние не сме обични луѓе, ние сме вљубеници во науката и технологијата и тежнееме кон создавање на совршенство. Најчесто немаме работно време, имаме само работни задачи, а наш најголем предизвик е невозможното да го претвориме во возможно.
Со имплементирање на најновата компјутерска технологија и постојаното усовршување Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт стана лидер во стоматологијата и дигиталната забна техника. Врвната грижа, беспрекорната услуга и пристапните цени придонесоа Дентал Крафт да се вброи меѓу малкуте Стоматолошки Ординации и Лаборатории кои се на врвот не само во регионот, туку и пошироко.
Доколку сонувате да имате совршени заби и беспрекорна насмевка, со нас сте многу поблиску до остварување на вашиот сон. Активно учествувајте во изработката заедно со нашиот тим и имајте заби какви што ќе посакате.
Звучи неверојатно, нели? Сепак кај нас тоа е можно затоа што Дентал Крафт е многу повеќе од обична стоматолошка ординација.
Ние сме иднината. Спој на стоматологијата и забната техника! Место каде без проблем ќе го најдете сето она што ви треба!