Услуги

Професионалниот пристап, стручниот и искусен тим, врвната услуга, најдобрите материјали на пазарот и цени пониски дури до 70% во споредба со цените во Европската Унија се само дел од причините поради кои многу пациенти од земјава и странство доаѓаат кај нас. Но нашата бескомпромисност кога е квалитетот на услугите во прашање е нешто што не прави поразлични од другите.


Квалитетот на нашите стоматолошки услуги се темели врз непрекинато инвестирање во најсовремена опрема, најнови материјали од реномирани и докажани светски производители, усовршување и пременување на новите знаења и континуирано следење и имплементирање на нависоките стандарди од страна на нашиот тим. Секојдневно ги следиме новите светски трендови и тежнееме кон поместување на границите на квалитет, брзина и професионалност. Тоа прави да се чуствуваме сигурни и подготвени во секое време на нашите пациенти да им го понудиме најдоброто решение во корист на нивното орално здравје.


Кога е забната техника во прашање, сакаме да напоменеме дека секој забен техничар кој е дел од тимот на Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има долгогодишно искуство и е специјализиран за одреден вид на изработки. На тој начин постигнуваме врвен квалитет и максимална прецизност при изработката на протетските помагала кои истовремено се изработени во согласност со желбите и потребите на нашите пациенти. Материјалите кои ги користиме за изработка на протетските помагала се биокомпатибилни, односно истите се тестирани на иритација, чувсвителност, токсичност, хемо-компатибилност и генотоксичност. На овој начин сакаме нашите пациенти да бидат максимално сигурни дека ќе добијат висококвалитетни заботехнички производи кои во секој можен поглед ќе ги задоволат нивните потреби и очекувања. Вложуваме максимални напори и го контролираме секој дел од производствениот процес. Ригорозната контрола низ која минуваат нашите финални изработки не прави можеби и единствени во регионот. Бројот на нашите вработени континуирано се зголемува, а освен што инвестираме во најмодерна опрема и апаратура за да ја зацврснеме нашата предност пред конкуренцијата, постојано инвестираме и во најсовремена едукација за нашите вработени. За нас секогаш пациентот е на прво место, а наместо другите – оставаме фактите и резултатите да зборуваат за нас.