Дентален туризам

Професионалниот пристап, добриот тим, врвната услуга, најдобрите материјали на пазарот и цени пониски дури и до 70% се само дел од причините поради кои голем број на пациенти од други држави носат одлука своето оралното здравје да ни го доверат нам. Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има големо искуство и нуди комплетна организација за пациентите од странство кои се заинтересирани за дентален туризам. Соработката започнува преку емаил, телефон, Viber, Skype или WhatsApp. Се што е потребно е пациентот да ни достави панорамска РТГ снимка, неколку обични дигитални фотографии и да ни ги соопшти своите потреби.

По прегледувањето на панорамската снимка, стоматологот во консултација со забниот техничар прават првична анализа и проценка за состојбата на вашите заби, а потоа ви ги предлагаат најдобрите можни решенија и временските рокови неопходни за спроведување на истите. Откако ќе се договори терминот, ќе ви излеземе во пресрет околу резервирање на авионскиот билет или друг вид на соодветен превоз по ваша желба. Нашата грижа за вас продолжува во моментот на вашето пристигнување во Скопје. Ќе ви обезбедиме превоз, мобилен телефон и сместување во прекрасен апартман во центарот на градот.

Стоматолошките интервенции ќе бидат завршени во најкус можен рок, а во меѓувреме доколку имате интерес и време, ќе ни претставува задоволство да Ви покажеме дел од убавините на нашата мала и волшебна земја Македонија. Како опции ви нудиме разгледување на главниот град Скопје, пловење со кајче низ кањонот на езерото Матка, посета на градот Битола, посета на античкиот локалитет Хераклеа, посета на историско-културолошкиот центар Охрид и друго. Ве уверуваме дека ќе бидете максимално задоволни од целокупниот третман и дека со задоволство ќе не препорачате кај луѓето што ги сакате.

Доколку сте заинтересирани за ваков вид на соработка контактирајте не веднаш. Најдобра опција е да имате веќе обезбедено РТГ панорамска снимка во дигитален формат за протетски помагала или 3Д панорамска снимка за имплантологија, која е најважен предуслов за сите идни планови. Панорамската снимка испратете на ја нашиот емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и наведете кога и каде би сакале да ве побараме. Како опции за комуникација молиме да го наведете вашиот контакт телефон и емаил, или што е уште подобро вашиот Viber, WhatsApp или Skype. Постои отворена опција исто така и вие да не контактирате нас, сите информации за можните начини на остварување контакт се наоѓаат на страната за контакт.