Стоматолошки услуги

Најнапред е важно да напоменеме дека во првиот контакт со нашите пациенти ја проверуваме нивната здравствена состојба, можните лекови кои ги примаат во моментот, евентуалните алергии, медицинската историја и друго. Кога е здравјето на нашите пациенти во прашање, тука не постои компромис. Во продолжение се наведени нашите стоматолошки услуги кои се со гарантиран квалитет:

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА

  • Итно згрижување на пациенти;
  • Бесплатен преглед и план за терапија;
  • РТГ панорамска снимка;
  • Пломбирање;
  • Чистење на забен камен;
  • Залевање на фисури;
  • Воздушно полирање на заби;
  • Флуор заштита на млечни заби;
  • Изработка на заштитни гуми за бруксизам;
  • Изработка на спортски заштитни гуми;
  • Избелување на заби.

ПРОТЕТИКА

  • Фиксна протетика (коронки и мостови);
  • Мобилна протетика (визил, тотални и парцијални протези);

ЕНДОДОНЦИЈА

  • Лекување на каналите на коренот на забот.

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

  • Вадење на импактирани заби, апикотомија, современа Piezo хирургија и друго.

ИМПЛАНТОЛОГИЈА

  • Вградување на импланти.