Нашиот тим е составен од искусни, докажани и вешти забни техничари, кои пред се сакаат во континуитет да се усовршуваат и да ги применуваат новите методи, техники и знаења. Низ годините, нашиот тим прерасна во една голема фамилија и слободно може да кажеме дека денес Заботехничката Лабораторија на Дентал Крафт располага со врвен тим кој со заеднички напори дава максимални резултати.
Добриот менаџмент и искусните вработени се клуч за успехот на секоја компанија. Ние во Дентал Крафт тоа добро го знаеме и горди сме што може да им излеземе во пресрет дури и на најтешките предизвици. Ова се нашите вработени кои со своето знаење и искуство поимот забна техника го позиционираа на ново, многу повисоко ниво.