Што може да сториме за вас?

За нас секој пациент е добредојден. Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт нуди комплетен бесплатен преглед. Истиот вклучува консултација со стоматологот, давање предлози за натамошен стоматолошки третман, одредување на временска рамка за изведување на комплетниот зафат. Како и одредување вкупна цена на чинење на третманот. Закажете бесплатен преглед веднаш со едноставен повик на телефонскиот број 02/3113-001 или на социјалните мрежи.

Во оние случаеви каде што пациентите ќе имаат потреба од протетика, односно изработка на протетско помагало, бесплатниот преглед дополнително вклучува и консултација со забниот техничар. Се со цел предлагање на најдоброто можно решение и потребен временски период за изработка на истиот.

Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има воспоставено златно правило за придржување до однапред договорената цена. За разлика од некои наши конкуренти, нашите пациенти нема да платат ниту денар повеќе, во случај на меѓувремено поскапување на материјалите, разлика во девизниот курс или слично.


 Ние во Дентал Крафт веруваме дека иднината на забната техника е во современата компјутерска технологија. Затоа несебично инвестираме во таа насока и посебно сме горди на нашиот ултра модерен CAD/CAM центар кој ни овозможува максимален квалитет и совршена прецизност при изработката на протетските помагала. CAD/CAM центарот на Дентал Крафт е опремен според највисоките светски стандарди, што резултира со изработка на совршени заби во рекордно краток временски рок.

Постапката започнува со препарирање на забите од страна на вашиот стоматологот. Тоа значи стругање на надворешниот дел од постоечките заби, со цел врз нив да се обезбеди доволен простор за поставување на керамичките заби. Но, што се случува со оние луѓе кои имаат недоволно или пак воопшто немаат заби? Решението лежи во имплантите, тие овозможуваат натамошна сигурна и безбедна реконструкција. Имплантот е титаниумски штраф кој стоматологот го вградува во коската на вилицата, каде за кратко време сраснува со неа. Треба да се знае дека забните импланти се далеку појаки и потрајни од мостовите или протезите и претставуваат најдобро решение бидејќи структурално и функционално се поврзуваат со коската.

Потоа вашиот стоматолог ќе направи отпечаток кој се испраќа кај нас и од тој момент започнува процедурата за изработка на вашите заби во нашата заботехничка лабораторија. Потребно е да знаете дека за изработка на врвни заби, вашиот стоматолог треба да исполни два многу важни предуслови: да направи добра препарација (пожелна е препарација со стапалка) и да изработи најдобар можен отпечаток.


Ние вршиме скенирање на отпечатокот, а добиените податоци ги внесуваме во компјутер. Нашите компјутерски техничари ги обликуваат вашите идни заби во специјален 3Д програм, а компјутерот брзо и прецизно ги пресметува сите потребни параметри и води грижа изработката да биде беспрекорна до најситниот детал. Потоа го одбираме материјалот, го ставаме во друга, исто така целосно компјутеризирана машина каде продолжува автоматизираната изработка на забите. За само неколку минути нашиот современ CAD/CAM систем ги изработува забите со невидена прецизност. Забните техничари од одделението за керамика во Дентал Крафт ги вршат финалните доработки, ја ускладуваат бојата, им даваат целосно природен изглед и готовите изработки ги предаваат во одделот за контрола на квалитетот. Изработките кои ќе го поминат тестот за квалитет се испраќаат кај стоматологот кому за крај му останува уште да ги вгради готовите заби.


Добро е да се знае дека материјалите од кои се прават забите на овој начин се карактеризираат со голема цврстина и врвен квалитет, а гледано од уметничка страна, изработките се вистински ремек дела.  Вака изработените заби на нашите пациенти им гарантираат извонредна функција, долговечност и одлични резултати во секој поглед. Целата процедура се одвива многу брзо, во просек трае од 3 до 8 дена. На крајот, секој пациент кој има вградена наша изработка добива гаранција која важи 1 година. На нашите пациенти им гарантираме дека во случај на евентуален проблем кој не е предизвикан од механичка или насилна природа, ќе им биде извршена бесплатна интервенција и ќе им биде вградена комплетно нова заботехничка изработка.