Заботехничката Лабораторија Дентал Крафт е основана во 2005 година од страна на г-дин Александар Блажевски, кој важи за искусен и еминентен забен техничар. Располагаме со врвен тим, најсовремена опрема и важиме за лидери во производството на заботехнички изработки за домашниот пазар. Квалитетот на изработките, беспрекорната услуга, пристапните цени и најсовремената технологија се клуч на нашиот досегашен успех. Токму затоа илјадници клиенти од земјава и од странство одлучија да соработуваат со нас.

Aleksandar Blazevski

Располагаме со најсовремени компјутери, скенери, 3Д програми за моделирање како и останата апаратура, но посебна гордост на нашата лабораторија претставува новиот CAD/CAM центар кој е опремен со најнов модел на ултра модерна компјутерски раководена машина од германско потекло. Користиме исклучиво проверени и квалитетни материјали од реномирани светски производители, кои се сигурни, безбедни и ги запазуваат сите пропишани норми и стандарди. Работиме брзо, ефикасно и квалитетно. Постојано инвестираме во нова опрема и континуирано ги едуцираме нашите вработени.

DSC 0496
Dental Kraft Laboratory 01 4

Нашата лабораторија континуирано се усовршува и навремено ги имплементира новите технологии и трендови од областа на забната техника и стоматологијата. Нудиме широка палета на заботехнички изработки, а првенствено сме специјализирани за изработка на:

  • безметална керамика;
  • метал керамика;
  • реконструкции врз имплантати;
  • комбинирани изработки.

Нашата деловна стратегија се базира врз принципите на одлична услуга, висок квалитет и пристапни цени. Во секој сегмент од нашето работење правиме се што е неопходно нашите соработници и клиенти да бидат задоволни во секој поглед. За разлика од нашите конкуренти, важно е да се знае дека Дентал Крафт со самото вградување дава и гаранција за секоја заботехничка изработка.

Доколку имате потреба, со особено задоволство ќе одговориме на секое ваше прашање. Без разлика дали сте пациент, забен техничар или стоматолог од земјата или од странство, контактирајте не веднаш. Имаме решение за секој проблем и подготвени сме за секаков вид на соработка.