02 3 113 001 info@dentalkraft.mk

најсовремена технологија, долгогодишно искуство и најдобри материјали.

Секое протетско помагало од наша страна се изработува со посебно внимание. Во текот на стругањето водиме особена грижа за глеѓта и ткивата околу забот со цел да го зачуваме биолошкиот сооднос помеѓу забот и гингивата. Секаде онаму каде е можно забите ги препарираме со стапалка, што е предуслов за долговечност како на забот и околното ткиво, така и на самото протетско помагало. Самата процедура ја изведуваме колку е можно побезболно, а воедно ги применуваме и највисоките стандарди за стерилно работење, што е од пресудно значење за изработка на протетско помагало од кое се очекува долготрајно извршување на својата функција.

Дентал Крафт располага со CAD/CAM, односно најсовремен компјутерски центар за дизајнирање и изработка на различни видови на протетски помагала, што на прво место гарантира одлична функционалност и врвна естетика. Кажано со други зборови, токму поради нашето искуство и строго пропишаните правила на работа, нашите протетските помагала овозможуваат непречено функционирање (јадење и зборување), долговечност и беспрекорен природен изглед.

stomatolog skopje

Дрезденска 14, 1000
Скопје, Македонија
☏ 02 3 113 001

© 2021 Dental Kraft PZU