Стоматолошка интервенција Д-р Цвете Павлоски
Стоматолошка Ординација – Дентал Крафт ја предводи Д-р Цвете Павлоски, докажан и реномиран стоматолог кој своето знаење го стекнал на државниот факултет во Скопје. Бројните доедукации во државата и странство (Америка, Израел, Хрватска, Србија и многу други) во комбинација со работното искуство стекнато во неколку реномирани домашни и странски стоматолошки ординации, меѓу кои се вбројува и престижната стоматолошка клиника Broadway Dental Houston – USA, му овозможија на Д-р Павлоски да се стекне со огромно искуство и знаење кои денес несебично ги применува во своето секојдневно работење.

Стоматолошка Ординација предводена од Д-р Цвете Павлоски
Горди сме да напоменеме дека Стоматолошкиот Центар – Дентал Крафт е исчекор повеќе од обична стоматолошка ординација. Ние нудиме широка палета на услуги за нашите пациенти. Започнувајќи од бесплатен преглед, преку наједноставни стоматолошки третмани, па се до најсложени стоматолошки зафати од областа на ендодонцијата, протетиката и хирургијата. Спојот на стоматологија и забна техника на едно место се од голем бенефит за пациентите. Нудат непосредна соработка помеѓу стоматологот и забните техничари, што е предуслов за високо квалитетна изработка на сите протетските помагала (коронки, мостови, парцијални протези и слично).

Стоматолошка Ординација – Дентал Крафт освен пријатниот и модерен амбиент, располага и со напредна стоматолошка опрема. Истата овозможува стручно и безболно изведување дури и на најсложените стоматолошки интервенции. Користиме исклучиво био-компатибилни и висококвалитетни материјали од реномирани светски производители, а првенствено сме специјализирани за:
– општа стоматологија;
– ендодонција;
– протетика; и
– хирургија и имплантологија.

Стоматологија
Нашата деловна стратегија се базира врз принципите на одлична услуга, висок квалитет и пристапни цени. Во секој сегмент од нашето работење правиме се што е неопходно нашите соработници и клиенти да бидат задоволни во секој поглед. Со самото вградување даваме гаранција за секоја протетска изработка.

Доколку имате стоматолошки проблем за кој барате решение, јавете се и закажете бесплатен преглед или контактирајте не на социјалните мрежи. Пациентите кои имаат болка добиваат лекарска помош во најкус можен рок. Телефон за контакт: 02/3113-001