Нашиот тим е составен од докажан стоматолог и искусен асистент. Добрата координација овозможува извонредна соработка, а со тоа и непречено функционирање на тимот дури и во текот на најсложените интервенции. Ние во Стоматолошката Ординација Дентал Крафт сме свесни дека само најдобриот тим може да даде врвни резултати, затоа водиме особена грижа и постојано инвестираме во таа насока преку континуирано усовршување на знаењето, доедукација, следење на најновите светски достигнувања и нивна примена во нашата Стоматолошка Ординација. Тимот го надополнуваат нашите колеги од Заботехничката Лабораторија кои ни излегуваат во пресрет секогаш кога е тоа потребно. Овој вид на взаемна соработка е од голема корист и придонесува за високо квалитетна изработка на коронките, мостовите и другите протетски помагала во корист на нашите пациенти. Ова се вработените кои со своето знаење и искуство поимот стоматологија го издигнаа на ниво на уметност.


Д-р ЦВЕТЕ ПАВЛОСКИ е доктор по општа стоматологија и има долгогодишно искуство во својата работа. Високото образование го стекнал на државниот стоматолошки факултет при унирверзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, понатаму го збогатува своето знаење со специјалистичките студии по орална хирургија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Но своето знаење и пракса континуирано ги надоградува како во државата така и надвор од неа преку посета на разни семинари и курсеви во повеќе градови како Загреб, Франкфурт, Берн и др. Посебно се истакнува курсот во Берн-Швајцарија кај еден од тројцата најдобри професори во светот проф.др.Daniel Buser ,,Master Course in GBR and Sinus Floor Elevation Procedures” при универзитетската клиника во Берн-Швајцарија. Меѓу кои како позначајни може да се наведат: Загреб „Straumann Pro Arch Edentulous Solution“ и „Comprehensive implantology course“; Курс за ендодонција (basic endodontic techniques using the protaper system); Direct Composite Veneers; Greater New York Dental Meeting – hands on work shop (мекоткивен пикасо ласер), New York, USA; Fundamental Implantology Course, Tel Aviv, Israel; Augmentation procedures with Piezosurgery in dentistry; Direct System Veneer – Edelweise, како и многу други стручни предавања и семинари.


Д-р МАЈА ПАНЕВА e доктор по општа стоматологија и има долгогодишно искуство. Родена е во Скопје 1981 година. Високото образование го стекнала на државниот стоматолошки факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Своето знаење и пракса ги надоградува со посета на курсеви, семирани и конгреси од областа на ендодонција, естетска стоматологија и протетика, како во државата така и во странство.


ИВАНА ГАВРОВСКА е асистент стоматолог. Има завршено средно образование и искуство како на полето на стоматологијата, така и на полето на забната техника.