Бесплатен преглед - Стоматолошка Ординација

За нас секој пациент е добредојден. Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт нуди комплетен бесплатен преглед. Истиот вклучува консултација со стоматологот, давање предлози за натамошен стоматолошки третман, одредување на временска рамка за изведување на комплетниот зафат. Како и одредување вкупна цена на чинење на третманот. Закажете бесплатен преглед веднаш со едноставен повик на телефонскиот број 02/3113-001 или на социјалните мрежи.

Во оние случаеви каде што пациентите ќе имаат потреба од протетика, односно изработка на протетско помагало, бесплатниот преглед дополнително вклучува и консултација со забниот техничар. Се со цел предлагање на најдоброто можно решение и потребен временски период за изработка на истиот.

Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има воспоставено златно правило за придржување до однапред договорената цена. За разлика од некои наши конкуренти, нашите пациенти нема да платат ниту денар повеќе, во случај на меѓувремено поскапување на материјалите, разлика во девизниот курс или слично.