02 3 113 001 info@dentalkraft.mk

Стоматолошка Ординација

Од бесплатен преглед и консултации, преку чистење на забен камен, наједноставни стоматолошки интервенции, поправање и пломбирање на заби, па се до најсложени хируршки зафати, лекување на каналите на коренот, изработка и вградување на мостови, коронки и многу друго.

лидер во стоматологијата и дигиталната забна техника

Со имплементирање на најновата компјутерска технологија и постојаното усовршување Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт стана лидер во стоматологијата и дигиталната забна техника. Врвната грижа, беспрекорната услуга и пристапните цени придонесоа Дентал Крафт да се вброи меѓу малкуте Стоматолошки Центри кои се на врвот не само во регионот, туку и пошироко.

Активно учествувајте во изработката заедно со нашиот тим и имајте заби какви што ќе посакате.

повеќе од обична стоматолошка ординација

Горди сме да напоменеме дека Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт е исчекор повеќе од обична стоматолошка ординација. Ние нудиме широка палета на услуги за нашите пациенти, започнувајќи од бесплатен преглед, преку наједноставни стоматолошки третмани, па се до најсложени стоматолошки зафати од областа на ендодонцијата, протетиката и хирургијата.

Спојот на стоматологијата и забната техника на едно место се од голем бенефит за пациентите, нудат непосредна соработка помеѓу стоматологот и забните техничари, што е предуслов за високо квалитетна изработка на протетските помагала (коронки, мостови и слично).

Најсовремена стоматолошка опрема

Стоматолошката Ординација Дентал Крафт освен пријатниот и модерен амбиент, располага и со напредна стоматолошка опрема, која овозможува стручно и безболно изведување дури и на најсложените стоматолошки интервенции. Користиме исклучиво био-компатибилни и висококвалитетни материјали од реномирани светски производители, а првенствено сме специјализирани за:

– општа стоматологија;
– ендодонција;
– протетика; и
– хирургија и имплантологија.

одлична услуга, висок квалитет и пристапни цени

Нашата деловна стратегија се базира врз принципите на одлична услуга, висок квалитет и пристапни цени. Во секој сегмент од нашето работење правиме се што е неопходно нашите соработници и клиенти да бидат задоволни во секој поглед. Со самото вградување даваме гаранција за секоја протетска изработка.

Доколку имате стоматолошки проблем за кој барате решение, јавете се и закажете бесплатен преглед. Пациентите кои имаат болка добиваат лекарска помош во најкус можен рок. Телефон за контакт: 02/3113-001

stomatolog skopje

Дрезденска 14, 1000
Скопје, Македонија
☏ 02 3 113 001

© 2021 Dental Kraft PZU