Најнапред е важно да напоменеме дека во првиот контакт со нашите пациенти ја проверуваме нивната здравствена состојба, можните лекови кои ги примаат во моментот, евентуалните алергии, медицинската историја и друго. Кога е здравјето на нашите пациенти во прашање, тука не постои компромис. Во продолжение се наведени нашите стоматолошки услуги кои се со гарантиран квалитет:

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА
– Итно згрижување на пациенти;
– Бесплатен преглед и план за терапија;
– РТГ панорамска снимка;
– Пломбирање;
– Чистење на забен камен;
– Залевање на фисури;
– Воздушно полирање на заби;
– Флуор заштита на млечни заби;
– Изработка на заштитни гуми за бруксизам;
– Изработка на спортски заштитни гуми;
– Избелување на заби.

ПРОТЕТИКА
– Фиксна протетика (коронки и мостови);
– Мобилна протетика (визил, тотални и парцијални протези);

ЕНДОДОНЦИЈА
– Лекување на каналите на коренот на забот.

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА
– Вадење на импактирани заби, апикотомија, современа Piezo хирургија и друго.

ИМПЛАНТОЛОГИЈА
– Вградување на импланти.