

СОРАБОТКА СО СТОМАТОЛОШКИ ОРДИНАЦИИ
Нашите производи се квалитетно и прецизно изработени. Нудиме широка палета на комплетно готови заботехнички изработки, кои самите по себе претставуваат уметнички дела на докажани и искусни забни техничари. CAD/CAM изработките се врвот на современта технологија, но тоа е само мал дел од нашата понуда. Нашите оддели за безметална керамика, метал керамика, комбинирани изработки и мобилна протетика изработуваат различни продукти со докажан квалитет. Работиме со проверени и сертифицирани материјали и даваме гаранција за секоја наша изработка. Покрај класичната метода на работење со земени отпечатоци, изработуваме протетски помагала според испорачан скен фајл од интра орален скенер. На овој начин обезбедуваме совршена прецизност на нашите изработки, а воедно изработката се одвива во пократок временски рок.

СОРАБОТКА СО ЗАБОТЕХНИЧКИ ЛАБОРАТОРИИ
Доколку имате потреба од полу-готови заботехнички изработки по прифатливи цени, слободно јавете се кај нас. Нашиот фрез-центар може да ви испорача прецизно изработени заботехнички капици од циркон, титан, e.max, или готова плоча за скелетирани протези. Во овој случај вашата лабораторија ќе изведе нанесување и печење на керамика, или вметнување на заби во случајот со скелетираните протези. На овој начин можете да добиете драгоцено време, да се фокусирате исклучиво на завршниот уметнички дел, а изработките од вашата лабораторија да претставуваат готови уметнички изработки. Исто така, вршиме компјутерско дизајнирање на конструкции (CAD Design) по испорачан скен фајл од ваша страна кој ви го доставуваме по емаил.