Нашиот тим е составен од искусни, докажани и вешти забни техничари, кои пред се сакаат во континуитет да се усовршуваат и да ги применуваат новите методи, техники и знаења. Низ годините, нашиот тим прерасна во една голема фамилија и слободно може да кажеме дека денес Заботехничката Лабораторија на Дентал Крафт располага со врвен тим кој со заеднички напори дава максимални резултати. Добриот менаџмент и искусните вработени се клуч за успехот на секоја компанија. Ние во Дентал Крафт тоа добро го знаеме и горди сме што може да им излеземе во пресрет дури и на најтешките предизвици. Ова се нашите вработени кои со своето знаење и искуство поимот забна техника го позиционираа на ново, многу повисоко ниво.

АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ е сопственик на Дентал Крафт и важи за еден од најдобрите забни техничари на овие простори. Има долгогодишно искуство, а своето знаење го стекнал во Македонија, Германија, Словенија, Израел и други земји. Во Дентал Крафт го има имплементирано системот по кој што работат заботехничките лабаратории во Германија. Тој воедно е голем перфекционист кој забната техника ја подразбира како уметност и тежнее изработките во Дентал Крафт да бидат вистински ремек дела. Своите помлади колеги ги учи секогаш да го даваат најдоброто и живее со мотото дека секој заслужува здрава и беспрекорно убава насмевка.

СТЕФАН ЃОРЃИОСКИ
– Управител на Дентал Крафт
– Керамичар

АЛЕКСАНДРА СИМОНОВСКА
– Керамичар

ИЛИЈА ТРАЈКОВСКИ
– CAD дизајн

АТАНАС ПЕРТУШЕВСКИ
– CAD дизајн

ДИМИТАР АРЏАНОВСКИ
– Прием на пратки и набавка на материјали

СЛАВКО РИСТОСКИ
– Припрема модели и скенирање

ИВОНА БЛАЖЕВСКА
– Фрез техника и изработка на скелетирани протези

ИГОР ПИСИНОВ
– Скенирање и обработка на метал

ДАМЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
-Логистика