Стоматолошката Ординација Дентал Крафт ја предводи специјалист орален хирург Д-р Цвете Павлоски, докажан и реномиран стоматолог кој своето знаење го стекнал на државниот факултет во Скопје. Бројните доедукации во државата и странство (Америка, Израел,Португалија,Швајцарија,Германија, Хрватска, Србија и многу други) во комбинација со работното искуство стекнато во неколку реномирани домашни и странски стоматолошки ординации, му овозможија на Д-р Павлоски да се стекне со огромно искуство и знаење кои денес несебично ги применува во своето секојдневно работење.

Горди сме да напоменеме дека Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт е исчекор повеќе од обична стоматолошка ординација. Ние нудиме широка палета на услуги за нашите пациенти, започнувајќи од преглед, преку наједноставни стоматолошки третмани, па се до најсложени стоматолошки зафати.

Стоматолошки услуги:

  • Итно згрижување на пациенти;
  • РТГ панорамска снимка;
  • Пломбирање;
  • Чистење на забен камен;
  • Залевање на фисури;
  • Воздушно полирање на заби;
  • Флуор заштита на млечни заби;
  • Изработка на заштитни гуми за бруксизам;
  • Изработка на спортски заштитни гуми;
  • Избелување на заби.

Повеќе фотографии - Галерија

Dental Kraft Logo 20