Доколку не се испочитуваат пропишаните правила и прописи, вградувањето на имплантите може да биде мeч со две оштрици. Затоа ние во Дентал Крафт при секое планирање за вградување на импланти ги користиме следните методи кои на светско ниво до овој момент се покажале како најуспешни: 
По добиената 3D, CBCT скен, односно тродимензионална панорамска снимка (без која е невозможно да се планира), според која правиме софтверско планирање на поставувањето на самите импланти во коската; 
Имплантирање со најсовремена апаратура и во стерилни услови
Мерење на остеоинтеграцијата на имплантот во коската со најсовремен апарат од шведската реномирана фирма OSSTELL, што е од огромно значење при донесување на одлуката од страна на стоматологот кога да се оптерети самиот имплант со протетско помагало и каков вид на протетско помагало е најсоодветен во дадениот случај.

Повеќе фотографии - Галерија

Dental Kraft Logo 20