Забна техника
Заботехничката Лабораторија Дентал Крафт е основана во 2005 година од страна на г-дин Александар Блажевски, кој важи за искусен и еминентен забен техничар. Располагаме со врвен тим, најсовремена опрема и важиме за лидери во производството на заботехнички изработки за домашниот пазар. Квалитетот на изработките, беспрекорната услуга, пристапните цени и најсовремената технологија се клуч на нашиот досегашен успех. Токму затоа илјадници клиенти од земјава и од странство одлучија да соработуваат со нас.
Заботехнички услуги
Располагаме со најсовремени компјутери, скенери, 3Д програми за моделирање како и останата апаратура, но посебна гордост на нашата лабораторија претставува новиот CAD/CAM центар кој е опремен со најнов модел на ултра модерна компјутерски раководена машина од германско потекло. Користиме исклучиво проверени и квалитетни материјали од реномирани светски производители, кои се сигурни, безбедни и ги запазуваат сите пропишани норми и стандарди. Работиме брзо, ефикасно и квалитетно. Постојано инвестираме во нова опрема и континуирано ги едуцираме нашите вработени.
Безметална керамика
Изработката на безметални керамички протези е прецизен процес кој бара соработка помеѓу стоматологот и специјализираните лаборатории за изработка на протези.
Реконструкции врз имплантати
Реконструкциите врз имплантати претставуваат процес на изградба на забите или денталната структура врз поставени имплантати.
Метал керамика
Метал-керамичките протези се долготрајни и имаат добра естетска вредност, бидејќи керамичката го прикрива металниот дел и создава природен изглед на забите.
Комбинирани изработки
Изработката на заби со комбинирани изработки е процес која вклучува комбинација на различни материјали и техники за да се овозможи замена на загубените заби.
Запознајте го нашиот заботехнички тим
НАШИ БРОЈКИ
Задоволни и насмеани клиенти