Секое протетско помагало од наша страна се изработува со посебно внимание. Во текот на планирањето на протетската идна изработка се превземаат сеопфатни анализи,фотографии,интраорален скен со најдобриот скенер во светот sirona Primescan,за да се утврди состојбата на забалото како и меѓувиличниот однос,изаедно во корелација со нашите мастер техничари ја изнајдуваме најдобрата солуција за пациентот. Самата процедура ја изведуваме колку е можно побезболно, а воедно ги применуваме и највисоките стандарди за стерилно работење, што е од пресудно значење за изработка на протетско помагало од кое се очекува долготрајно извршување на својата функција. Дентал Крафт располага со CAD/CAM, односно најсовремен компјутерски центар за дизајнирање и изработка на различни видови на протетски помагала, што на прво место гарантира одлична функционалност и врвна естетика. Кажано со други зборови, токму поради нашето искуство и строго пропишаните правила на работа, нашите протетските помагала овозможуваат непречено функционирање (јадење и зборување), долговечност и беспрекорен природен изглед.
- Фиксна протетика (коронки и мостови);
- Мобилна протетика (визил, тотални и парцијални протези);