Концептот all on 4 е решение за пациентот со огромен бенефит

Што значи тоа? Пациент на кој што после детален интраорален преглед и 3D анализа му се вадат забите преостанати во вилицата, поради ралични причини и во истиот момент му се ставаат 4 импланти. Два се прави и два се под агол и за 24 часа му се изработуваат привремени заби заштрафени за имплантите.

all on 4 3 ver2Истиот тој пациент со мали нелагодности од типот оток или болка, продолжува да функционира најнормално, дури и зависно од предходната состојба на забалото, или пак тоталната беззабост, функционира дури и подобро од предходно, обавувајќи ги сите тековни потреби во денот.

Пациентот функционира така во период од 4 до 6 месеци и после тоа се изработуваат дефинитивни заби, исто така заштрафени за имплантите.

Главните карактеристики на концептот "All-on-4" постава на импланти, се:

1. Минимален број на импланти: Оваа техника користи само четири импланти, што ја прави процедурата помалку инвазивна и пократка, во споредба со традиционалните методи за поставување на импланти.

2. Брзо опоравување: Пациентите обично имаат краток период на опоравување, што им овозможува брзо да се вратат на секојдневните активности.

3. Стабилност и поддршка: "All-on-4" концептот им овозможуваат на пациентите да имаат фиксирани заби, кои се стабилни и функционални, што им гарантира повисок степен на комфор и удобност при јадење и говорење.

4. Економичност: Овој метод често е поекономичен од традиционалните методи за поставување на импланти, бидејќи користи помалку импланти и време.

5. Естетика: Процедурата "All-on-4" импланти овозможува прилагодливост во дизајнирањето на забите, што ги прави да изгледаат и да функционираат природно.

Со "All-on-4" конcептот на постава на имплантите, луѓето кои се соочуваат со проблеми со забите можат да уживаат во нова, сигурна и удобна насмевка, со минимални напори и период на опоравување.
Dental Kraft Logo 20