Дигиталната протетика е иновативен пристап во областа на здравствената технологија и стоматологијата

Дигиталната протетика овозможува изработка протетски помагала коронки и мостови, користејќи напредни компјутерски и дигитални техники. Во нашиот случај, го користиме најдобриот интраорален скенер Sirona Primescan, кој е најпрецизниот и најбрз на пазарот.

ACE 3586 v3
Оваа напредна методологија претставува револуција во создавањето на збивки и протези, со цел подобрување на квалитетот на живот на пациентите и зголемување на ефикасноста на стоматолошките процедури.

Основните карактеристики на дигиталната протетика вклучуваат:

1. Скенирање на забалото: Со користење на интраорални скенери, стоматолозите можат да создадат виртуелен 3D модел на  забалото на пациент. Ова го заменува традиционалното отпечатување на забалото со отпечаточна маса.

2. Дигитален CAD дизајн: Со помош на современ CAD дизајн софтвер се дизајнираат идните протетски помагала и истовремено претставува прилика да пациентот го види идниот свој виртуелен дизајн- насмевка и истата по желба и согласно условите да се корегира пред изработка на дефинитивните.

3. 3D печатење: Со помош на 3D принтерите, се изработуваат работни модели со висока прецизност и во краток временски период. Ова значи помалку време на изработка и прилагодување за пациентите.

4. Изработка на протетски помагала со најпрецизна CNC машина.

Дигиталната протетика не само што подобрува точност и квалитет на протезите, туку и ги намалува времето и напорот потребен за изработка, исто така е „patient friendly“ односно како метода на отпечатување на забалото е многу комфорна и не предизвикува нелагодности кај пациентот.

Оваа иновативна технологија претставува промена во начинот на кој стоматолозите работат и им овозможува да им ги пружат на пациентите најдобрите можни стоматолошки решенија.

 Dental Kraft Logo 20