Вложувањето во континуираната едукација на нашите вработени е приоритет во нашата ординација, се со цел најголем бенефит да имаат нашите пациенти.

Д-р Маја Панева беше присутна на предавање за комплексноста ТМЗ зглобот, кликнувањата на истиот, пациенти кои се жалат на болно отворање на устата или мигрена, за причинско-последичната врска на истите со каснувањето, мускулите, менталната состојба, како и целокупната положба на телото.

Предавањето имаше за цел да ги доближи до таа област на стоматологијата, која е многу важна за разбирање и лекување на најболните состојби во оваа регија.
Предавач: Д-р Тамас Ковач