Стоматолошката Ординација Дентал Крафт ја предводи специјалист орален хирург Д-р Цвете Павлоски, докажан и реномиран стоматолог кој своето знаење го стекнал на државниот факултет во Скопје. Бројните доедукации во државата и странство (Америка, Израел,Португалија,Швајцарија,Германија, Хрватска, Србија и многу други) во комбинација со работното искуство стекнато во неколку реномирани домашни и странски стоматолошки ординации, му овозможија на Д-р Павлоски да се стекне со огромно искуство и знаење кои денес несебично ги применува во своето секојдневно работење. 

cvete pavloski

Горди сме да напоменеме дека Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт е исчекор повеќе од обична стоматолошка ординација. Ние нудиме широка палета на услуги за нашите пациенти, започнувајќи од преглед, преку наједноставни стоматолошки третмани, па се до најсложени стоматолошки зафати од областа на ендодонцијата, протетиката и хирургијата. Спојот на стоматологијата и забната техника на едно место се од голем бенефит за пациентите, нудат непосредна соработка помеѓу стоматологот и забните техничари, што е предуслов за високо квалитетна изработка на протетските помагала (коронки, мостови и слично).

DSC 5611
Stomatologija03

Стоматолошката Ординација Дентал Крафт освен пријатниот и модерен амбиент, располага и со напредна стоматолошка опрема, која овозможува стручно и безболно изведување дури и на најсложените стоматолошки интервенции. Користиме исклучиво био-компатибилни и висококвалитетни материјали од реномирани светски производители, а првенствено сме специјализирани за:

  • општа стоматологија;
  • ендодонција;
  • протетика;
  • хирургија и имплантологија.

Нашата деловна стратегија се базира врз принципите на одлична услуга, висок квалитет и пристапни цени. Во секој сегмент од нашето работење правиме се што е неопходно нашите соработници и клиенти да бидат задоволни во секој поглед. Со самото вградување даваме гаранција за секоја протетска изработка.

Доколку имате стоматолошки проблем за кој барате решение, јавете се и закажете бесплатен преглед. Пациентите кои имаат болка добиваат лекарска помош во најкус можен рок.

Dental Kraft Logo 20

Телефон за контакт: 02/3113-001