Нашиот тим е составен од докажан стоматолог и искусен асистент. Добрата координација овозможува извонредна соработка, а со тоа и непречено функционирање на тимот дури и во текот на најсложените интервенции.
Ние во Стоматолошката Ординација Дентал Крафт сме свесни дека само најдобриот тим може да даде врвни резултати, затоа водиме особена грижа и постојано инвестираме во таа насока преку континуирано усовршување на знаењето, доедукација, следење на најновите светски достигнувања и нивна примена во нашата Стоматолошка Ординација.
Тимот го надополнуваат нашите колеги од Заботехничката Лабораторија кои ни излегуваат во пресрет секогаш кога е тоа потребно. Овој вид на взаемна соработка е од голема корист и придонесува за високо квалитетна изработка на коронките, мостовите и другите протетски помагала во корист на нашите пациенти.
Ова се вработените кои со своето знаење и искуство поимот стоматологија го издигнаа на ниво на уметност.