Стоматолошки услуги

Професионалниот пристап, стручниот и искусен тим, врвната услуга, најдобрите материјали на пазарот и цени пониски дури до 70% во споредба со цените во Европската Унија се само дел од причините поради кои многу пациенти од земјава и странство доаѓаат кај нас. Но нашата бескомпромисност кога е квалитетот на услугите во прашање е нешто што не прави поразлични од другите.


Квалитетот на нашите стоматолошки услуги се темели врз непрекинато инвестирање во најсовремена опрема, најнови материјали од реномирани и докажани светски производители, усовршување и пременување на новите знаења и континуирано следење и имплементирање на наjвисоките стандарди од страна на нашиот тим. Секојдневно ги следиме новите светски трендови и тежнееме кон поместување на границите на квалитет, брзина и професионалност. Тоа прави да се чуствуваме сигурни и подготвени во секое време на нашите пациенти да им го понудиме најдоброто решение во корист на нивното орално здравје.


Најнапред е важно да напоменеме дека во првиот контакт со нашите пациенти ја проверуваме нивната здравствена состојба, можните лекови кои ги примаат во моментот, евентуалните алергии, медицинската историја и друго. Кога е здравјето на нашите пациенти во прашање, тука не постои компромис. Во продолжение се наведени нашите стоматолошки услуги кои се со гарантиран квалитет:

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА

  • Итно згрижување на пациенти;
  • Бесплатен преглед и план за терапија;
  • РТГ панорамска снимка;
  • Пломбирање;
  • Чистење на забен камен;
  • Залевање на фисури;
  • Воздушно полирање на заби;
  • Флуор заштита на млечни заби;
  • Изработка на заштитни гуми за бруксизам;
  • Изработка на спортски заштитни гуми;
  • Избелување на заби.

ПРОТЕТИКА

  • Фиксна протетика (коронки и мостови);
  • Мобилна протетика (визил, тотални и парцијални протези);

ЕНДОДОНЦИЈА

  • Лекување на каналите на коренот на забот.

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

  • Вадење на импактирани заби, апикотомија, современа Piezo хирургија и друго.

ИМПЛАНТОЛОГИЈА

  • Вградување на импланти.