Вложувањето во континуираната едукација на нашите вработени е приоритет во нашата ординација, се со цел најголем бенефит да имаат нашите пациенти.

hyperDENT® - Уметноста на денталното инженерство, во Дентал Крафт

Стоматолошкиот центар Дентал Крафт останува во текот со најсовремените светски методи за производство на дентални продукти, од кои нашите клиенти ќе бидат, како и досега неизмерно задоволни и среќни. Насмевката е одраз на вашата личност, а ние и понатаму ќе се грижиме за беспрекорната функција и совршениот изглед на нашите производи.

Дигиталната протетика е иновативен пристап во областа на здравствената технологија и стоматологијата

Дигиталната протетика овозможува изработка протетски помагала коронки и мостови, користејќи напредни компјутерски и дигитални техники. Во нашиот случај, го користиме најдобриот интраорален скенер Sirona Primescan, кој е најпрецизниот и најбрз на пазарот.

 

Концептот all on 4 е решение за пациентот со огромен бенефит

Што значи тоа? Пациент на кој што после детален интраорален преглед и 3D анализа му се вадат забите преостанати во вилицата, поради ралични причини и во истиот момент му се ставаат 4 импланти. Два се прави и два се под агол и за 24 часа му се изработуваат привремени заби заштрафени за имплантите.