Dental Kraft

стоматолошки центар

Стоматолошка Ординација и Лабораторија

лидер во стоматологијата и дигиталната забна техника

Дентал Крафт нуди комплетни услуги од областа на стоматологијата и забната техника.

Предноста за нашите пациенти е во тоа што на едно место можат да добијат комплетен стоматолошки третман, преку вградување на импланти, па се до изработка на врвни протетски помагала.

Доколку имате потреба од природен изглед и совршена функција на вашите заби, ова е вистинското место за вас.

stomatoloska stolica
ДЕНТАЛ КРАФТ

СТОМАТОЛОГИЈА

Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт е исчекор повеќе од обична стоматолошка ординација. Ние нудиме широка палета на услуги за нашите пациенти, започнувајќи од бесплатен преглед, преку наједноставни стоматолошки третмани, па се до најсложени стоматолошки зафати од областа на ендодонцијата, протетиката и хирургијата.

smile-shiny.jpg
dentist-tools.jpg
teeth-brush.jpg
ДЕНТАЛ КРАФТ

ЗАБНА ТЕХНИКА

Располагаме со најсовремени компјутери, скенери, 3Д програми за моделирање како и останата апаратура, но посебна гордост на нашата лабораторија претставува новиот CAD/CAM центар кој е опремен со најнов модел на ултра модерна компјутерски раководена машина од германско потекло.

Dental-Kraft-Laboratory-01-19.jpg
Dental-Kraft-Laboratory-01-1.jpg
Dental-Kraft-Laboratory-01-10.jpg

Драги посетители

За нас, Дентал Крафт, не е само место каде работиме во интерес на нашите пациенти. За нас Дентал Крафт претставува креативен центар во кој се спојуваат науката и уметноста. Ние не сме обични луѓе, ние сме вљубеници во науката и технологијата и тежнееме кон создавање на совршенство. Најчесто немаме работно време, имаме само работни задачи, а наш најголем предизвик е невозможното да го претвориме во возможно.

Со имплементирање на најновата компјутерска технологија и постојаното усовршување Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт стана лидер во стоматологијата и дигиталната забна техника. Врвната грижа, беспрекорната услуга и пристапните цени придонесоа Дентал Крафт да се вброи меѓу малкуте Стоматолошки Ординации и Лаборатории кои се на врвот не само во регионот, туку и пошироко.

Доколку сонувате да имате совршени заби и беспрекорна насмевка, со нас сте многу поблиску до остварување на вашиот сон. Активно учествувајте во изработката заедно со нашиот тим и имајте заби какви што ќе посакате.

Звучи неверојатно, нели? Сепак кај нас тоа е можно затоа што Дентал Крафт е многу повеќе од обична стоматолошка ординација.

Ние сме иднината. Спој на стоматологијата и забната техника! Место каде без проблем ќе го најдете сето она што ви треба!

СТОМАТОЛОШКИ ЦЕНТАР

dental kraft logo